ЦСКА се „испоти“ против Басконија

Европскиот шампион ЦСКА Москва многу потешко од очекувањата успеа да стигне до триумф на премиерниот натпревар против Басконија во четвртфиналната серија од Евролигата. Рускиот гигант до самиот финиш се мачеше да го скрши отпорот на тврдоглавиот противник, за на крајот да слави со убедливи 98-90.

ЦСКА во неколку наврати во првата и во третата четвртина имаше двоцифрена предност, но Басконија со извонредна игра во нападот успеваше да се врати. Гостите на две минути до крајот имаа предност од 88-90, но Теодосиќ со тројка го сврте резултатот во полза на европскиот првак. Следеше загубена топка на Ларкин и лесна реализација на Де Коло, по што Басконија не ги реализираше и следните два напади, па поради очајниот финиш го загуби овој натпревар.

Теодосиќ со 22 и Де Коло со 17 поени беа најефикасни кај ЦСКА Москва, додека прв стрелец на Басконија при вечерашниот пораз беше Ларкин со 17 поени.

Се вчитува...