Српскиот репрезентативен голман Владимир Цупара предизвика бура на десетина дена до стартот на ЕП 2024 со сериозни обвинувања – дека ракометните судии со леснотија можат да наместат конечен исход на еден натпревар.
Според Цупара, кој до лани бранеше за Веспрем, а сега е член на Динамо Букурешт, српската репрезентација била жртва на вакво местење при пораз од соседна Хрватска.
„Судиите можат да наместат натпревари, без никаков проблем. Во ракометоти во ватерполото тоа не е многу тешко, со три одлуки можат буквално да го сменат текот на мечот и да го трасираат патот на победникот. Се сеќавам на ЕП во Унгарија, игравме против Хрватска и верувам дека судиите навистина ни ја украдоа победата. Загубивме со три гола разлика, се боревме во тој тежок дуел, но не можевме против арбитрите. Тоа беа Германци, оттогаш не се ни поздравуваме кога ќе се видиме, откако веднаш по мечот јавно говорев како директно го решиле победникот“, изјави Цупара.
Искусниот голман ќе биде еден од главните адути на Србија на претстојниот европски шампионат, каде нашиот северен сосед се наоѓа во група со Исланд, Унгарија и со Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА