Цуцули стрелец, Дрита продолжува во Европа

Поранешниот македонски репрезентативец Ардијан Цуцули беше стрелец за косовска Дрита во победата од 0-1 на гостувањето против црногорскиот Дечиќ во првото коло од УЕФА Конференциската лига.

Дрита, предводена од Ардијан Нухиу од клупата, по триумфот од 2-1 на првиот натпревар, славеше и на реванш дуелот со што го елиминираше црногорскиот тим. Победничкиот погодок Цуцули го постигна во 84. минута од средбата.

Целиот натпревар за Дрита го одигра и Марко Симоновски кој, пак, беше стрелец на еден од головите за својот тим во победата од 2-1 на првиот меч.

Се вчитува...