Цветаноски претставен во Шкупи – „Среќен сум што ќе бидам дел од тим со голема историја“ (ВИДЕО)

Еден од најдобрите фудбалери од есенскиот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, Матеј Цветаноски е претставен како нов фудбалер на Шкупи. Тој со тимот од Чаир потпиша договор со важност од две години. Првиот дел од полусезоната го одигра во Вардар во кој прикажа одлични партии, но поради катастрофалната финансиска состојба мораше да го напушти најтрофејниот македонски клуб.

„Среќен сум што ќе бидам дел од тим со голема традиција. Понудата која што ми ја дадоа од клубот беше најдобра за мојата кариера. Се надевам дека ќе ја освоиме титулата, тука сум да му помогнам на тимот. Сакам да им се заблагодарам на сите за тоа што одлично ме примија. Од раководството па се до соиграчите“, изјави Цветаноски. 

Се вчитува...