Цвијиќ меѓу трите ѕвезди во четвртфиналето од ЛШ

Драгана Цвијиќ беше меѓу најзаслужните за победата на Вардар во Данска над Митјиланд, па српската интернационалка сосема заслужено се најде меѓу трите „ѕвезди“ на четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Цвијиќ одигра вообичаено добро во одбраната, каде е една од столбовите на „вардарки“, а беше извонредна и во нападот, постигнувајќи осум погодоци (една третина од вкупниот број на голови на „црвено-црните“).

Покрај Цвијиќ, место меѓу трите „ѕвезди“ во оваа фаза од ЛШ имаше и за Едуарда Аморим од Ѓер, како и за Кристина Неагу од ЧСМ Букурешт, кои беа предводнички на своите екипи во победите на првите четвртфинални натпревари.

Се вчитува...