Цвијиќ: Вардар ги има најдобрите играчи и најдобриот стручен штаб

Драгана Цвијиќ го предводеше Вардар до убедлива победа на дуелот против Мец, а на прес-конференцијата по натпреварот српската интернационалка не го криеше задоволството што е дел од македонскиот првак.

„Не беше лесно, по два месеци се собравме назад по настапите за своите репрезентации. Сепак, одигравме одличен меч, горда сум на она што го прикажавме денеска. За мене Вардар ги има најдобрите играчи во светот, најдобриот стручен штаб, наша цел е да одиме до крај. Благодарност до сите оние што дојдоа во салата да ни дадат поддршка, се надевам дека на следниот домашен натпревар против Будуќност трибините ќе бидат исполнети до последно место“ – истакна Цвијиќ.

 

Се вчитува...