ТЦР Европа: Давидовски ја освои „Дајмонд“ титулата и стана екипен првак

Екипата за која се натпреварува македонскиот возач Виктор Давидовски, „Cometoyou Racing“ стана екипен првак во серијата на ТЦР Европа со вкупно 648 поени од страна на возачите Џиролами, Давидовски, Паулсен, Бутл и Коронел.

А, совозачот на Македонецот, Франко Џиролами ја освои и шампионската тиутла. Аргентинецот тронот го осигура уште со пласманот во квалификациите, а титулата ја потврди со освојување на третото место на првата и првото на втората трка.

Давидовски кој одличната сезона ја круниса со „Дајмонд“ трофејот за најдобропласираниот возал кој нема статус на професионалец, последната трка ја започна од дваесеттото место, а ја заврши како деветти.

Се вчитува...