Челси по голема битка славеше над Њукасл, продолжувајќи ја серијата добри игри и покрај тешките услови со кои се соочува клубот.
Главна тема на прес-конференцијата повторно не беше играта на терен, туку проблемите на лондонскиот клуб поради блокираните сметки, што го отежнува и патувањето на гостувањата. Следен предизвик за „сините“ е гостувањето во Лил во реваншот од осминафиналето од Лигата на Шампионите, за кое Челси според санкциите од британската влада ќе има само 20.000 фунти за трошење.
„Последната информација што ја имам е дека ќе имаме авион и ќе патуваме без проблем, исто така ќе се вратиме со авион. Ако немаме авион, ќе идеме со автобус, ако немаме ни автобус, ќе одиме со комбе, а јас ќе возам. Слушајте што сум ви рекол, јас ќе возам и ќе стигнеме таму каде што треба, ама Челси ќе игра секаде“, изјави Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА