Тухел: Да бидеме тимот против кој никој не сака да игра

Челси и покрај сите проблеми продолжува со одличната форма на домашно тло, но и во Лигата на Шампионите каде вчера славеше со 1-2 против Лил за заверка на место меѓу најдобрите осум екипи на „стариот континент“.

По натпреварот стратегот на Челси, Томас Тухел не го криеше задоволството од пласманот во четвртфиналето, а вели дека сака неговиот тим да биде оној против кој никој нема да сака да игра.

„Среќен сум изборивме место меѓу осумтте најдобри тимови. Имавме многу работи кои моравме да ги преболиме, но среќен сум и горд. Ќе видиме што ќе биде. За три дена играме ФА Куп со Миделсборо па потоа ни следи пауза за меѓународни дуели“, изјави Германецот кој потоа се осврна и кон четвртфиналната ждрепка.

„Не размислувам за ривалите. Сакам да бидеме тимот против кој никој не сака да игра. Така гледаме на себе во четвртфиналето. Се бориме и за место во топ четири во најсилната лига на светот и тоа го дава најдоброто од моите играчи, затоа и сакаме никој да не не сака за противник“, додава Тухел.

Се вчитува...