Тухел го брани Вернер по Македонија: Гундоган лошо му додаде…

Томас Тухел се обиде да го одбрани Тимо Вернер по најновата лавина од критики што пристигна на адреса на германскиот голгетер по големото промашување на дуелот со Македонија. Вернер имаше слични „киксови“ и во дресот на Челси, но се чини дека се надмина на мечот со нашата репрезентација, кога од идеална ситуација при резултат 1-1 не успеа да ја доведе Германија во водство.

Сепак, Тухел цврсто застана во одбрана на својот фудбалер, обидувајќи се дури и вината да ја префрли врз Илкај Гундоган, кој и самиот можеше да шутира, но реагираше несебично и го исфрли Вернер во празно, но асот на Челси шутираше крај дирекот.

„Пред се, јас мислам дека тоа беше лошо додавање на Гундоган, вината не смее да се бара само кај Вернер. Тој е разочаран, вчера побара и дополнително да тренира откако завршивме со работа. Не му дозволив, му реков да не се фрустрира, јас верувам во него, знам дека тој редовно постигнува голови уште од својата шеста година. Моментно е во криза, но и тоа ќе биде надминато“, истакна Тухел.

Се вчитува...