Тухел го објави списокот: Англија без голем број ѕвезди на СП!

Селекторот на Англија, Томас Тухел, го објави списокот од 26 играчи за Светското првенство во САД, Канада и Мексико и навлече голем гнев на јавноста во оваа земја.

Како што беше објавено, Англија ќе оди на Светското првенство без ѕвезди како Кол Палмер, Фил Фоден и Трент Александар-Арнолд. Од тимот нема да биде и двоецот на Манчестер јунајтед Хари Мегваер и Лук Шо кои имаа солидна сезона во Премиерлигата.

Англија го отвора Светското првенство со натпревар против Хрватска на 17 јуни, а во групата ќе игра и против Гана и Панама.

Се вчитува...