Тухел: Кога го дадовме првиот гол на помошниците им реков сега веднаш ќе дадеме и втор…

Томас Тухел не го криеше задоволството од пласманот на ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите. Германскиот стратег синоќа беше пресреќен по победата над Аталанта во последните секунди од средбата.

„Денеска беше 50-от роденден на клубот, па оваа победа е преубав подарок. Оваа сезона веќе освоивме четири трофеи, а сега сме во уште едно полуфинале. Нема да го заборавиме ова што се случи“ – рече синоќа Тухел, притоа дополнувајќи:

„Цело време знаев дека ќе постигнеме гол. Дури им кажав на помошниците дека ако постигнеме еден, веднаш потоа ќе постигнеме уште еден. Одигравме навистина добро и заслуживме пласман во полуфиналето. Имавме и малку среќа, но кога ќе се погледне целиот натпревар заслужено одиме понатаму“.

Се вчитува...