Тухел луто кон Вернер: „Тимо, ти разбираш ли нешто!?“ (ВИДЕО)

Томас Тухел дојде до нова победа со Челси, триумфирајќи на вчерашниот дуел со 2-0 против Евертон. Тухел ја продолжи одличната низа откако неодамна дојде на клупата на местото на Френк Лампард.

Германскиот стратег донесе промена на „Стемфорд бриџ“, веднаш покажувајќи им на играчите кој е авторитет во екипата. Па, синоќа беше „уловен“ и моментот кога Тихел луто му се обрати на Тимо Вернер конечно да почне да ги извршува зададените задачи на терен.

„Тимо колку долго ќе играш на левата стран? Ти играш десно, е сега играш на левата страна веќе цели 15 минути. Разбираш ли нешто? Како не ги разбираш инструкциите кои ти ги давам?“ – викаше Тухел.

Се вчитува...