Тухел: Меси е добредојден во ПСЖ, само има еден мал проблем

Пари Сен Жермен синоќа загуби од Баерн Минхен со 1-0 во финалетo од Лигата на шампионите, а тренерот на „светците“ веќе е подготвен за реконтрукција на тимот кој следната сезона треба да ја прескокне и последната пречка. Тухел вели дека Лионел Меси секогаш ќе биде добредојден на „Паркот на принцовите“, но дека има само еден проблем.

„Меси секогаш ќе биде добредојден во Пари Сен Жермен. Но, да бидам искрен има само еден проблем за негов трансфер. Меси не сака да ја напушти Барселона. Верувајте нема ништо од негово заминување, тој кариерата ќе ја заврши на „Камп ноу““, изјави Тухел.

Лионел Меси не е задоволен од работата на раководството на Барселона и поради тоа се се поголеми шпекулациите дека тој би можел да го напушти клубот.

Се вчитува...