Тухел: Монако е многу млад, но и многу квалитетен тим

Борусија Дортмунд вечерва го пречекува Монако во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите, а тренерот на „милионерите“, Томас Тухел, се расфрла со комплименти за ривалот. Тој смета дека Монако во моментов е една од најдобрите екипи во Европа, иако во нивните редови играат неколку млади фудбалери.

„Монако е еден одличен тим. Тие ја импресионираа цела Европа со своите игри во изминатиот период и се лидери во францускиот шампионат. Несомнено се многу квалитетни, иако се сеуште навистина многу млади. Но, сакаат да се докажат, и тоа можеби не прави и многу слични со нив, затоа што и фудбалерите на Борусија Дортмунд се ’гладни’ за докажување на европската сцена“, вели Томас Тухел.

Борусија Дортмунд има големи проблеми со повредите оваа сезона, а Тухел се надева дека неколкумина ќе се вратат во тимот токму на вечерашниот меч.

„Се надеваме дека Џулијан Вајгл и Шинџи Кагава ќе бидат подготвени за игра, како и Лукас Пишчек. Последните два дена и Марко Ројс тренираше со максимален интензитет, па ќе видиме дали е подготвен. Доколку е во ред, тој сигурно ќе биде и стартер затоа што е еден од нашите главни адути“, истакна тренерот на Борусија Дортмунд.

Се вчитува...