Менаџерот на Челси, Томас Тухел, верува дека неговиот тим ќе се соочи со голем предизвик на мечот со Манчестер Јунајтед. Сепак, германскиот стратег смета дека неговиот тим напредувал и физички и психички во изминатиот месец, па неговите момци се наоѓаат во врвна форма и се на вистински пат да победуваат сериозни противници.
Тухел по доаѓањето донесе позитивна енергија во тимот, Челси се уште не знае за пораз под негово водство, а Германецот се надева дека серијата добри резултати ќе продолжи и на дербито со Јунајтед.
„Нашиот тим има почит кон „црвените ѓаволи“, но сигурни сме дека ќе бидеме рамноправен противник. Се надевам дека ќе победиме, иако сме свесни за предизвикот со кој се соочуваме. Јунајтед има квалитетни играчи, одлични резултати на гостински терен, тие имаат одлична одбрана и супериорни се во транзицијата“, рече Тухел.
Германецот имаше и пофални зборови за својот тим, кој пред неколку дена славеше над Атлетико Мадрид во првиот осминафинален дуел од Лигата на Шампионите.
„Мислам дека не е лесно за некој да игра против нас. Но, свесни сме дека мора да напредуваме секој ден. Ние сè уште не сме ‘финален производ’. Ние сме силен тим, играчите се желни да се натпреваруваат и тоа е она што не прави силни“, потенцираше Томас.
Натпреварот помеѓу Челзи и Јунајтед е закажан за недела во 17:30 часот. Лондонскиот тим е петти на табелата со 43 бода, додека „црвените ѓаволи“ се на второто место со 49.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА