Тухел по повредата на Нејмар: Се молиме да не е ништо сериозно

ПСЖ стигна до посакувана победа на гостувањето против Башакшехир во 2. коло од Лигата на шампионите, но натпреварот не мина без проблеми за францускиот тим.

Во 26. минута поради повреда играта ја напушти Нејмар за кого денеска ќе биде познато колку ќе мора да паузира.

„Искрено се надеваме дека повредата не е сериозно. Се молиме се да биде во ред. Резултатите од деталните прегледи ќе ги знаеме денеска. Нема потреба да нагласувам колку Нејмар е потребен за тимот“ – вели стратегот на ПСЖ, Томас Тухел.

 

Се вчитува...