Селекторот на Англија, Томас Тухел, донесе неколку шокантни одлуки со составот за Светското првенство 2026.
Иако списокот официјално ќе биде објавен денес во 11 часот, многу детали од конечниот список веќе протекоа во англиските медиуми. Јавноста е шокирана бидејќи Тухел не вклучи некои огромни ѕвезди меѓу 26-те играчи, меѓу кои се Мегваер, Фоден, Палмер…
Но, денеска шокантна информација од Фабрицио Романо кој известува дека и Трент Александар-Арнолд (27), ѕвездата на Реал Мадрид, не е на списокот.
Десниот бек има 34 настапи и четири гола за Англија, но поради лошата форма оваа сезона, тој не е на списокот на англискиот селектор. Александар-Арнолд има 30 настапи и пет асистенции за тимот на Мадрид оваа сезона откако пристигна од Ливерпул и е далеку од неговите вистински изданија.
Тухел место него ќе го земе Дед Спенс (25), крилниот напаѓач на Тотенхем, кој има четири настапи за националниот тим, на Светското првенство.
Палмер, Мегваер и Фоден остануваат дома
Да ве потсетиме дека вчера излегоа шокантни информации за списокот на Тухел. Така не оди Кол Палмер, 24-годишната ѕвезда на Челси кој постигна само девет гола во Премиер лигата оваа сезона, убедливо најмалку откако се приклучи на клубот пред три години.
Фил Фоден нема да биде на списокот. Играчот од средниот ред, вреден 80 милиони евра, имаше седум гола и пет асистенции на 32 настапи во Премиерлигата сезонава во дресот на Манчестер сити. Фоден играше 49 пати за Англија, но нема да патува на Светското првенство.
А, едно од најголемите имиња кои ќе го пропуштат првенството е дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
