Тухел: Реал Мадрид го прави предизвикот уште поинтересен, се надевам дека ќе играме пред публика…

Актуелниот шампион на Европа, Челси мора да го совлада најтрофејниот тим во Лигата на Шампионите, Реал Мадрид доколку сака да ја одбрани титулата во престижното натпреварување со тоа што реваншот на минатогодишното полувреме овој пат ќе биде најинтересниот дуел во четвртфиналето.

По ждрепката свој поглед даде Томас Тухел кој вели дека Реал Мадрид го прави предизвикот уште поинтересен.

„Тежок ривал. Предизвикот не може да биде поголем. Реваншот го играме на „Бернабеу“ пред навивачи што ќе го зголеми возбудувањето кое го пратат овие мечеви. Знаеме што не чека, ќе биде возбудливо, но и предизвикувачки“, изјави Тухел кој во тој момент немаше информација дека може да дојде до промена на домаќинството.

Германскиот стратег потоа доде дека е среќен што избегнал англиски тимови во четвртфиналето, а се осврна и кон навивачите.

„Станува збор за европско натпреварување па во оваа фаза поинтересно е да добиете ривал од друга држава отколку клуб против кој играте неколку пати во сезоната. Забраната за навивачи е нешто што не става во лоша состојба. Генерално мислам дека овие натпревари се играат за навивачи и дека нивното присуство ги прави поинтересни. Се надевам дека ќе најдеме некое решение. Сите го клубот, сите во управата се борат за тоа. Не знам какви ни се шансите, но се надевам дека за доброто на спортот ќе успееме во тоа“.

Се вчитува...