Еден од фаворитите за освојување на пехарот на престојното Светско првенство е Англија. Меѓутоа селекторот Томас Тухел шокираше со изборот на фудбалери кои ќе настапат за „Гордиот Албион“ на престојниот Мундијал.
Веројатно најголемото изненадување е изоставувањето на Фил Фоден од Манчестер Сити, како и на Кол Палмер од Челси. Фоден имаше слаба сезона во Сити, но Палмер играше солидно. Изненадување е исто така и „бришењето“ на искусниот стопер Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед.
Сите тројца беа именувани во претходниот ростер на тимот во март за пријателските мечеви против Јапонија и Уругвај.
Додека немаше коментари од Палмер и Фоден, се огласи Мегваер по најновата одлука на Тухел.
„Бев уверен дека можев да одиграм голема улога ова лето за мојата земја после сезоната која ја имав. Бев шокиран и скршен од одлуката. Им посакувам на играчите се најдобро“, изјави Мегваер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
