Тухел создаде „машина“ која не знае за пораз, Евертон е новата „жртва“ на Челси

Челси не знае за пораз, Тухел и неговите избраници остварија нова победа откако вечерва го совладаа и Евертон, на домашен со резултат од 2-0.

Тимот од Лондон ја имаше целосната доминација и беше подобар противник во првиот дел, a поведе со помош на противничкиот играч Бен Годфри, кој на негова несреќа успеа да постигне автогол за водство на „сините“ од 1-0.

Во второто полуверме Челси рутински ја завери новата победа, а Џорџињо со гол од пенал во 65. минута ги постави конечните 2-0 и обезбеди плус три бода за „сините“. Тимот на Тухел се наоѓа на 4-та позиција и се доближи на минус четири бода до второпласираниот Манчестер Јунајтед. Сити и понатаму е недостажен за своите конкуренти, па има плус 9 бода во однос на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...