Тун ја одреди цената за Растодер

Елмин Растодер е меѓу најзаслужните за историската сезона за Тун и освоената шампионска титула, но на челниците на новиот првак им е јасно дека тешко ќе успеат да го задржат македонскиот репрезентативец.

Актуелниот договор на Растодер истекува во јуни 2027 година, преговорите за продолжување на соработката не се во напредна фаза, па многу пореално е да се очекува Тун да го продаде нашиот голгетер и да не ризикува тој догодина бесплатно да го напушти клубот.

Швајцарските медиуми објавија дека шампионот ја објавил и цената за Растодер, која изнесува пет милиони евра што клубовите ќе треба да ги платат за македонскиот голгетер.

Досега само еден клуб изразил подготвеност да ја плати оваа сума, грчки Панатинаикос, но во Тун не брзаат со преговорите и ќе почекаат одговор и од останатите заинтересирани екипи. Неофицијално, француски Лион е подготвен да инвестира четири милиони евра во Растодер, а сериозен интерес покажуваат и бундеслигашите Хамбургер и Борусија Менхенгладбах, кои засега немаат испратено првични понуди до Тун.

Се вчитува...