Тунис ремизираше со Црна Гора на Кроација Куп

Репрезентацијата на Тунис која е прв противник на Македонија на претстојното СП во Франција, завршните подготовки пред мундијалот ги одработува во Хрватска. Тунижаните настапуваат на Кроација купот заедно со селекциите на Црна Гора и на домаќинот Хрватска.

Во првиот меч на турнирот, Тунис одигра нерешено 31-31 со Црна Гора, а последната проверка ќе им биде денешниот меч против Хрватска. Избраниците на селекторот Хафед Зуаби, во првото полувреме имаа два гола предност (20-18) и водеа во поголем дел од второто полувреме. Црногорците имаа успешна серија во финишот и на крај се изборија за реми.

Левото крило Усенма Буганми беше најефикасен во составот на Тунис со 12 гола, а првата ѕвезда на тимот, левиот бек Ваел Жалуз запиша пет гола.

Се вчитува...