Тур де франс доаѓа во Словенија?

Во наредните години, Словенија би можела да биде домаќин на почетокот на „Тур де Франс“, а веќе се во тек конкретни разговори со раководството на најпознатата велосипедска трка во светот.

Директорот на „Тур де Франс“, Кристијан Прудом, престојува во Словенија, каде што заедно со претставници на локалните власти ги обиколи потенцијалните предели за првите три етапи од трката.

Словенечкиот министер за економија, труд и спорт, Анже Логар, се сретна со Прудом во Крањска Гора и изрази надеж дека во наредните недели ќе се постигне договор.

„Наша желба е во едно од следните изданија, првите три дена од ’Тур де Франс‘ да се одржат во Словенија. Јасна желба на сите нас што го следиме ’Тур‘ е, со оглед на исклучителните резултати на словенечките велосипедисти, и Словенија да добие дел од тој спектакл“, рече Логар.

Словенечката делегација, заедно со челниците на „Тур“, веќе ги посетија трасите предложени за потенцијалниот почеток на трката. Разговорите ќе продолжат, а Прудом треба да се сретне и со словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Логар смета дека организацијата на еден од најголемите спортски настани во светот би и донела на Словенија многу повеќе од само велосипедски спектакл.

Се вчитува...