Фудбалската федерација на Турција одлучи да им помогне на клубовите и нивните играчи кои се наоѓаат во подрачјата погодени од земјотресот. Со одлука на Извршниот одбор на турската куќа на фудбалот, сите клубови од тие региони можат да поднесат барање за повлекување од тековната сезона до 1. март, но од есен ќе можат да се натпреваруваат во исто ниво на натпреварување.
Односно, повлекувањето од тековните првенства нема да доведе до нивно испаѓање во пониските лиги. Освен тоа, Фудбалската федерација на Турција им дозволи на играчите и тренерите на клубовите погодени од земјотресот да ги сменат тимовите до 15. март.
Повеќето клубови кои ќе ја продолжат сезоната ќе им помогнат на загрозените ривали со солидарни трансфери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА