Турски Башчешехир е освојувач на ФИБА Еврокупот

Турскиот Башчешехир е освојувач на годинашното издание на второто по ранг натпреварување на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) Еврокупот. Тие во финалниот двомеч ja совладаа италијанската Реџиана.

Турците по победата на гости во првиот меч од (69-72), вечерва славеа и на домашен терен со сигурни 90-74. Се беше решено уште во првиот период кој турскиот претставник го доби со четиринаесет поени разлика 30-16. До крајот рутински беше приведен мечот за конечни 90-74.

Прво име во таборот на победникот беше Џамал Џонс со 14 поени, додека кај поразените недовлни беа 19 поени на Томпсон.

Се вчитува...