Турскиот фудбалски гигант Фенербахче се очекува денеска да стане сопственик на македонскиот фудбалски второлигаш Брегалница Штип.
Според информациите на телевизијата М Нет, новиот инвеститор ќе презеде мнозински удел во клубот, додека Општина Штип ќе задржи 15 отсто од акциите во друштвото. Преостанатите 85-отсто се откупени за вкупна сума од 300.000 евра, која на еднакви делови (по 150.000 евра) се исплатени на општината и на досегашниот сопственик, Кирил Гогов.
Договорот предвидува обврска Брегалница да продолжи со настапи во Првата или Втората лига, а во случај клубот да испадне во Трета лига, уделот што моментално го поседува турскиот инвеститор ќе премине во сопственост на Општина Штип.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА