Турските великани во „војна“ за фудбалерот на Манчестер Јунајтед

Турските фудбалски гиганти Галатасарај и Фенербахче се први кандидати за ангажман на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Фред. Бразилецот ова лето ќе замине од „Олд Трафорд“, а останува само да видиме во кој клуб од Истанбул.

Манчестер Јунајтед неодамна доби понуда од Фенербахче вредна 15 милиони евра со бонуси по која следеше реакцијата од страна на раководството на Галатасарај кој наскоро се очекува да прати побогата понуда.

Се вчитува...