Неверојатен скандал ја одбележа средбата од турскиот шампионат меѓу Анкарагучу и Ризе, откако домашниот претседател Фарук Коч реши да ја земе правдата во свои раце и да се пресметка со главниот судија на натпреварот.
Домаќините беа бесни на неколку судиски одлуки, а откако примија гол во 97. минута со кој останаа без триумфот Коч влета на теренот со тупаница удирајќи го судијата Хамит Улул.
Фудбалската федерација веднаш излезе со соопштение дека ја суспендира Суперлигата и дека сите натпревари се одложени на неодредено време.
„Ова не е напад врз судијата, ова е напад врз целиот турски фудбал. Сите што се вмешани во овој инцидент, од газдата на клубот па сѐ до навивачите, ќе бидат најостро казнети“, соопшти федерацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА