Турција и натаму жали за Елмас: Категорично одбил да игра за нив, имал желба само за Македонија!

Пред дуелот меѓу Турција и Италија, иако сите очекуваа дека таму ќе биде Македонија, Турците уште еднаш се потсетија на акцијата на тогашниот селектор Фатих Терим да го натера Елиф Елмас да ја одбере Турција, и да игра за таа репрезентација.

Откако направил трансфер во Фенер, првата мисија на Терим била да се натера играчот од средниот ред да биде дел од турската репрезентација. И тоа сериозно притискал да го натера „дијамантот“ да биде дел од нивната репрезентацијата. Меѓутоа за Елиф тогаш, а и сега пости само една селекција – Македонија.

Наводно Елмас категорично ги одбивал сите понуди, и велел дека за него постои само Македонија. На крајот Елмас е стандарден репрезентативец на нашата земја, и во моментов најдобриот играч. Потоа од Фенер замина во Наполи, а се очекува утре на „Драгао“ да биде главниот играч за македонската селекција во битката за успех и пласман на Светското првенство.

Се вчитува...