Турците го објавија списокот за тест-мечот со Македонија во Истанбул, и за СП 2026

Селекторот на Турција, Винченцо Монтела го објави репрезентативниот список за престојното Светското првенство 2026, но и за тест дуелот со Македонија кој ќе се игра на 1 јуни во Истанбул.

Монтела објави список со 35 фудбалери, кој до стартот на Мундијалот 2026 ќе мора да се скрати на 26.

Турците ќе бидат предводени од младите ѕвезди Арда Ѓулер од Реал Мадрид и Кенан Јилдиз од Јувентус, но и искусниот Хакан Чалханоглу кој сигурно се очекува да биде еден од лидерите на репрезентацијата.

Покрај со Македонија, Турција пред стартот на СП 2026 ќе одигра и пријателски натпревар на 7 јуни против Венецуела во Форт Лодедеј.

На Светското првенство се во група со САД, Австралија и Парагвај.

Се вчитува...