Турците го земаа скалпот на светскиот првак

Фудбалската репрезентација на Турција ја оствари третата победа во квалификациите славејќи на домашен терен со 2-0 над светскиот првак Франција. „Триколорите“ делуваа непрепознатливо на стадионот во Коња, а Турците до триумф ги одведоа Кан Ајхан со голот во 30.минута и Ченгиз Ундер кој погоди десет минути подоцна. Ниту Гризман, ниту Мбапе, ниту Жиру не успеаја да возвратат до самиот крај.

Турците по оваа победа се наоѓаат на првото место во групата Х со максимални девет бода од три меча.

Италија беше убедлива на гости против Грција (0-3). Барела, Инсиње и Бонучи уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми на овој меч. Со идентичен резултат Белгија триумфираше на домашен терен против Казахстан. Мертенс, Кастање и Лукаку беа стрелци за белгискиот состав.

Германија рутински помина низ Белорусија со победа од 0-2. Лирој Сане во 13.минута го доведе бундес-тимот во водство, а Марко Ројс во 62.минута го потврди триумфот. Шкотска го совлада Кипар во Глазгов со 2-1.

 

Се вчитува...