Турците со оро го прославија пласманот на Евро 2024 (ВИДЕО)

Турската фудбалска репрезентација го осигура настапот на Евро 2024 откако славеше со 4-0 во натпреварот против Летонија. Покрај тоа на Турците во прилог им беше и поразот на Хрватска од Велс со кој математички осигураа една од првите две позиции во групата „Д“ кои водат на континенталниот собир.

На официјалниот Твитер профил на репрезентацијата беше објавено видео од прославата во соблекувалната каде селекторот Викчензо Монтела се најде во центарот на оро.

 

Се вчитува...