Тутоспорт: Мечевите против Пандев за Јуве се секогаш тежок предизвик

Јувентус по победата над Барселона и освојувањето на првото место во групата Г од Лигата на шампионите се насочува кон настапите во домашното првенство. Следен противник на актуелниот италијански шампион е Џенова на нашиот Горан Пандев. Реноминираниот „Тутоспорт“ вели дека секогаш кога Јуве игра против Горан Пандев тоа се тешки натпревари, а се сетија и на последниот пораз на Јувентус од Џенова, во кој токму нашиот капитен беше стрелец на вториот гол во победата од 2-0.

Во текстот од реноминираниот медиуми пишува дека секогаш кога тимот од Торино треба да се сретне со тим во кој настапува Горан Пандев, па колку и да е голем фаворит тие натпревари се многу тешки.

Мечот е закажан за во недела во 18 часот, а Џенова и сезонава ќе има тешка борба за опстанок бидејќи во моментов се наоѓа на претпоследното место на првенствената табела со само шест освоени бода во десет меча.

Се вчитува...