Тужба од Атлетико Мадрид, Барселона пак добива забрана за трансфери?

Барселона се соочува со ссериозна опасност повторно да добие забрана за трансфери откако Атлетико Мадрид најави тужба до ФИФА против каталонскиот гигант, поради илегалните преговори со Антоан Гризман.

Разговорите меѓу фудбалерите и заинтересираните клубови се „јавна тајна“, но проблем за Барселона е што директорот Амор се истрча во јавноста со изјава и потврда дека претседателот Бартомеу веќе се сретнал со семејството на Гризман, во обид да се договорат личните услови од трансферот. За Атлетико ова претставува јасен доказ за кршење на правилата, па мадридскиот клуб бара жестока казна за Барселона за ваквиот однос кон ривалите.

Каталонците пред неколку години добија забрана за трансфери во два преодни рока поради нерегуларности во трансфери на млади фудбалери, а сега големи се шансите тоа да се случи повторно. Впрочем, преседанот е веќе направен пред неколку години, кога Рома доби забрана за трансфери во една календарска година, откако „волчицата„ беше тужена од страна на Оксер поради преговори со дефанзивецот додека тој се уште беше под договор со францускиот клуб.

Се вчитува...