ТВ преноси во живо од ЕП 2017 во повеќе од 60 земји во светот

Европското првенство 2017 во Полска ќе биде досега телевизиски најпокриениот шампионат за млади фудбалери во историјата на фудбалот.

Како што информираат од УЕФА, за првпат ЕП 2019 за играчи до 21 година ќе биде во живо, низ директни преноси, пренесувано во повеќе од 60 земји во светот, покрај се разбира во оние 12 кои се и учеснисчки на шампионатот.

Во Македонија, ЕП 2017 ќе биде пренесувано на ТВ Нова, а правата за нашата земја ги има и Арена спорт, која ќе го пренесува шампионатот и за гледачите од Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора. Покрај овие европски земји, правата за натпреварите на Стариот континент се откупени и за Германија (АРТ, ЗДФ, Спорт1), Италија (РАИ), Франција (Л’Екип), Велика Британија (Скај), Шпанија (Медиасет, ЕСП), но и во Полска, Чешка, Данска, Финска, Шведска, Словачка, Унгарија, Израел, Бугарија, Романија, Норвешка, Австрија…

Надвор од Европа, правата за ЕП 2017 се откупени и за Австралија, Средниот и Далечиниот Исток, САД, Бразил, Аргентина, Колумбија, Канада, арапските земји и Средниот исток.

Како што информираат од УЕФА, утрешниот натпревар меѓу Македонија и Шпанија ќе биде пренесуван и на 12 ТВ канали од светот кои се одлучиле еден од натпреварите кои ќе ги понудат на своите гледачи да биде и утрешниот во Гдиња.

Се вчитува...