„Тврдо“ полувреме во Монпеље: Вардар со негатива од два гола на пауза

Монпеље – Вардар е 12-10 после првото полувреме во првиот натпревар ов ЕХФ Европската лига. Францускиот тим ја контролираше играта и резултатот, дојде до предност и цело време ја одржуваше.

Домаќините на два пати имаа предност од +4 голови разлика, но Вардар најде начин да се врати, и во финишот од 12-9, успеа да намали на 12-10, и со тој резултат да се замине на пауза.

Мечот е тврд со малку голови, одбраните се на висина на задачите.

Кај Монпеље Дос Сантос постигна пет голови, дедека кај Вардар најефикасен е Франциско да Силва исто така со пет голови. Тузолана постигна два, додека по еден постигнаа Боно, Лазаревски и Марциниак.

Се вчитува...