Тврдоглавиот Перез нема намера да попушти: Фудбалот е болен, а лек е Суперлигата

Флорентино Перез, актуелниот претседател на Реал Мадрид, по се изгледа нема намера да се откаже од проектот за Суперлига, кој не успеа да биде реализиран во 2021 година поради притисокот од УЕФА и ФИФА.

Перез одново реши да зборува за европската Суперлига за време на годишниот состанок во Мадрид.

„За да се реши проблемот, прво мора да признаете дека имате проблем. Фудбалот е болен и го губи лидерското место. Веруваме дека европските клупски натпреварувања мора да се менуваат. Лекот за фудбалот е Суперлигата“, вели Перез.

Првиот човек на шпанскиот првак ја спореди неговата идеја со тенисот.

„Во тенисот, Надал и Федерер играа 40 пати во 15 години, Надал и Ѓоковиќ играа 59 пати во 16 години. Во фудбалот, со Ливерпул игравме само девет пати за 67 години, а со Челси четири пати во историјата. Каква смисла има да се скрати возбудувањето кај навивачите?“, прашува претседателот на Реал.

Се вчитува...