Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 15 години со победа го отвори настапот на престижниот „Турнир на нациите’ во Италија, совладувајќи ја селекцијата на Молдавија со убедливи 3-0 (2-0).
Избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа сигурен натпревар и со три погодоци најавија успешен настап на турнирот.
Стрелци за Македонија беа Мубин Мустафа, Доротеј Христов и Гораст Ристовски.
Македонија настапи во следниот состав: Огнен Божиновски, Адел Мустафи, Ејман Емини, Давор Танески (к), Дин Рожајац, Калин Аврамоски, Драган Петков, Павел Димоски, Мубин Мустафа, Доротеј Христов, Јоан Ѓорѓиевски; а играа уште и: Јован Даноски, Амар Незири, Фисник Амити, Гораст Ристовски, Аријан Исаку, Јетмир Асани, Димитар Ламбро Анастасовски, Дијар Алиу, Васко Трајков, Андреја Блажев, Константин Тренов.
Македонија денеска во групната фаза се соочува со селекцијата на Велс, а на 29 април репрезентативците ќе играат против Шкотска.
Во зависност од пласманот во групата, селекцијата ќе разигрува за конечен пласман на 1 мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
