У-15: Младите македонски фудбалери славеа со Косово во Приштина

Македонската репрезентација до 15 години славеше победа од 0-1 против Косово на контролниот меч одигран во Приштина.

Јован Јанчевски во 15. минута го постигна голот за победа на Македонија. Селекцијата предводена од Горан Станковски сосема заслужено се радуваше на победа. Во текот на мечот Македонија имаше уште неколку можности и за поубедлив резултат, но не ги искористи.

Во првото полувреме, Таири и Аврамовски имаа свои неискористени шанси, а голот го постигнавме откако Стојановски упати центаршут, а Јанчевски одлично реализираше.

Во продолжението, Стојановски имаше 100% шанса по соло акција, но поуспешен беше домашниот голман. Алију, Христов и Петков, исто така, се најдоа во прилики, но шутираа покрај голот. Ударот на Таири го одбрани голманот на Косово.

Вториот контролен натпревар двете селекции ќе го одиграат на 25. септември во 13 часот на тренинг центарот “Петар Милошевски” во Скопје.

КОСОВО (У-15) – МАКЕДОНИЈА (У-15) 0-1

МАКЕДОНИЈА: 1. Марио Стојковски, 2. Хамза Зубери (59’ Амар Незири), 3. Ејман Емини (83’ Јоан Ѓорѓиевски), 4. Давор Танески (63’ Дин Баталоски), 5. Дин Рожајац (73’ Ариан Исаку), 6. Калин Аврамовски, 7. Стефан Стојановски (83’ Филип Богоевски), 8. Васко Трајков (73’ Павел Димоски), 9. Јован Јанчевски (59’ Фисник Амити), 10. Борис Матески (59’ Доротеј Христов), 11. Виган Таири (59’ Драган Петков); селектор: Горан Станковски.

КОСОВО: 1. Енгјел Бејтулаху, 2. Ринор Дурмиши (77’ Мал Красниќи), 3. Бленди Малиќи, 4. Лендрит Кодра (64’ Јон Пирева), 5. Енсар Реџепи, 6. Тринт Феризи (62’ Арт Ризани), 7. Гент Становци (62’ Дијели Муниши), 8. Едмонд Арлтати, 9. Ендри Авдиметај, 10. Бленард Морина (45’ Орик Абази), 11. Месуд Зимерии (26’ Дион Тупела).

Се вчитува...