Кадетската репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 16 години загуби од соодветната селекција на Србија со 0-2 на стартот на развојниот УЕФА турнир кој се игра во Подгорица, Црна Гора.
Македонската селекција одигра квалитетен дуел во кој има и два погодени диреци, а во вториот дел сериозни шанси имаа Петковски и Ракипи кои останаа неискористени.
Во петок (9 мај) македонската репрезентација ќе игра против селекцијата на Словачка.
Селекторот Драган Начевски на турнирот во Црна Гора смета на следните фудбалери – голмани: Даријан Денковски (Македонија ЃП), Ринор Цека (Шкендија), Амин Суљеновиќ (Парк) – одбрана: Игор Вргов (АП Брера), Мелдин Аломеровиќ (Целје, Словенија), Грегоријан Михајловски (Сервет), Давор Стојанов (Њу Старс), Аријан Рамадани (Шкендија), Анес Бајрами (Шкупи), Филип Цветановски (Вардар) – среден ред: Лука Георгиев Јасмин (Њу Старс), Сонер Ракипи (Шкендија), Андреј Цветковски (Работнички), Марко Мирчевски (Охрид), Фадиљ Исламовиќ (Загреб), Лука Георгиевски (АП Брера), Лука Кнежевиќ (Македонија ЃП) – напад: Коста Бошковски (Вардар), Васко Папалишки (Парк), Горјан Петковски (Македонија ЃП), Вулнет Амети (Шкупи).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА