У-16: Реми на вториот тест со Ерменија (2-2)

Македонската репрезентација до 16 години ремизираше (2-2) со Ерменија на вториот контролен натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Емил Скоко постигна прекрасен погодок во 21. минута за отворање на резултатот. Избраниците на селекторот Горан Станиќ во првото полувреме не искористија уште една добра прилика за удвојување на предноста преку Бојан Димоски. Неговиот удар го одбрани гостинскиот голман. Во судиското надополнување главниот судија покажа пенал за Ерменија откако со рака во шеснаесетникот играше еден од нашите дефанзивци. Шагојан беше сигурен реализатор на најстрогата казна за израмнување на 1-1.

Во првата минута од второто полувреме Куштрим Таири ја погоди стативата од голот на Ерменците, а само две минути подоцна Бојан Димовски го искористи невниманието на гостинската одбрана и погоди за 2-1.

Сепак, во 56. минута младите фудбалери на Ерменија повторно го израмнија резултатот со погодокот на Хамбарџумјан. До крајот двете репрезентации не создадоа вистинска шанса за постигнување гол.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР – У16

МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 2-2 (1-1)

Македонија: 1. Матеј Андов, 3. Ален Личлина, 4. Емил Скоко (Амар Колашинац 75. минута), 5. Кристијан Трпчевски, 6. Божидар Митревски, 7. Кире Трпчевски (Давид Тошевски 21. минута), 13. Ване Тасевски, 15. Владан Новевски, 16. Бојан Димоски (Агрон Елези 51. минута), 18. Ален Јусуфов (Бафтијар Бесир 21. минута), 20. Куштрим Таири;

Ерменија: Аветисјан, Асатријан, Газаријан, Хамбарѕумјан, Карапетјан, Мкрткјан, Шагојан, Мурадјан, Гуламбрајан, Петросјан, Григорјан;

Се вчитува...