У-17: Македонија ремизираше со Унгарија на стартот од квалификациите за EП (ВИДЕО)

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години ремизираше (2-2) против Унгарија во првиот натпревар од првата квалификациска фаза за пласман на Европското првенство.

На дуелот во Струмица, каде Македонија е домаќин на квалификациската група 2, избраниците на Влатко Колев одиграа квалитетен натпревар максимално одговарајќи на предизвикот против фаворитот.

Унгарците први поведоа со голот на Полонкаи во 23. минута од средбата.

Но, во 44. минута убава акција на Цветковски по десната страна кој се направи за погодокот на Стојковски за израмнување на 1-1.

Унгарија, повторно поведе во 48. минута со евроголот на Бошче кој директно од слободен удар од 20 метри погоди за 1-2.

Но, во 67. минута, по одличната асистенција на Исламовиќ, Џангаровски погоди за 2-2.

Во вториот натпревар од групата, Чешка убедливо со 13-0 славеше против Гибралтар.

Во второто коло од квалификациската група, во недела (11 октомври) Македонија игра со Чешка, а потоа на 14 октомври е дуелот со Гибралтар.

Се вчитува...