У-17: Македонија убедлива со Луксембург

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години забележа убедлива победа од 4-1 против Луксембург на контролниот натпревар одигран на стадионот „Кукуш“ во Турново.

Избраниците на селекторот Иљами Исеини одиграа одличен натпревар и уште во првото полувреме обезбедија висока предност од 3-1.

Резултатот го отвори Ристиќ во 11. минута, реализирајќи пенал. Николов во 22. минута го даде вториот гол за нашата селекција, а само три минути подоцна Крстевски погоди за третиот гол во мрежата на Луксембург во првиот дел.

Во продолжението, Македонија  повторно имаше иницијативата, а Ристиќ во 58. минута повторно беше прецизен од белата точка за конечни 4-1.

Македонија настапи во следниот состав: Илан Мемети, Адриан Велески, Матеј Масев, Амар Акики, Александар Полимaц, Дардан Адеми, Стефан Ристиќ, Марин Крстевски, Илија Аксентиев, Матеј Николов и Огнен Сивевски, а играа уште и Димитар Петров, Петар Галески, Михајло Павлов, Стефан Стефановски, Павел Стојанов, Леарт Исеини, Есер Фетаи, Рон Медеди, Далибор Марковиќ, Боби Недановски, Авлон Куртиши, Благоја Седлоски, Огнен Јаков, Јасин Џемаили.

Се вчитува...