Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години загубија од Чешка со 2-0 во вториот натпревар од квалификациската група за пласман на ЕП.
По претходното реми (2-2) со Унгарија, избраниците на Влатко Колев денеска на натпреварот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, загубија со 2-0.
Чесите до предност дојдоа со голот на Марек по корнер во 31. минута…
Во 87. минута, повторно по корнер и мешаница пред нашиот гол, Чесите со голот на Сивок дојдоа и до 2-0.
Во вториот денешен натпревар Унгарија славеше против Гибралтар убедливо со 8-0.
Во последното коло Македонија се соочува со аутсајдерот Гибралтар, и ќе ја чека разврската од мечот меѓу Унгарија и Чешка, за евентуален пласман на второто место во групата и продолжување во елитните квалификации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

