У-19: Два порази на тестовите со БиХ во Меѓугорје

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години доживеа два порази од по 2-1 од соодветната селекција на БиХ на пријателските натпревари во Меѓугорје.

И на денешниот дуел македонските репрезентативци загубија со идентични 2-1, како и пред два дена. Дашмир Елези беше стрелец за Македонија за израмнување во 36. минута на 1-1 на денешниот дуел, но домашните до победата дојдоа со голот на Хајдаревиќ во 79. минута.

Македонија на тестот со БиХ настапи во следниот состав: Новаков, Кудев, Стојчевски, Фета, Ракипи, Елези, Саитоски, Христовски, Крстевски, Јосифовски и Зеќири. Во второто полувреме играа и Тасев, Гуџуфи, Талаков, Талевски, Георгиевски, Ѓоргоски, Хасани, Калкан и Давков.

Се вчитува...