Македонската репрезентација до 19 години го претрпе првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство, откако денеска загуби од Словачка со 3-0 во натпреварот одигран во Луксембург.
Победникот беше решен уште по првиот дел. Најпрво Диков во 34. минута од средбата донесе предност за Словаците, додека Синанов си постигна автогол за предност на Словаците од 2-0.
Петрушка во вториот дел зголеми на 3-0 и го постави конечниот резултат.
Македонската селекција против Луксембург во директна пресметка ќе се бори за пласман на втората позиција. Македонија мора да победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА