Уапсен поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу

Шпанската полиција утрово го уапси поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, пренесуваат дел од медиумите од оваа земја.

Покрај Бартомеу во полиција утрово се приведени и двајца негови блиски соработници. Се работи за генералниот директор Оскар Грау и шефот на правниот тим на каталонскиот клуб, Роман Гомез Понти.

Полицијата продолжува со истрагата за скандалот познат како „Барсагејт“ во кој поранешниот претседател на Барселона и неговите соработници се обвинети дека ангажирале маркетинг агенција, која преку голем број профили на социјалните мрежи јавно ги критикуваа сите неистомисленици на Бартомеу, меѓу кои и првите ѕвезди на клубот, Лионел Меси и Жерар Пике.

Се вчитува...