Уапсена една од најдобрите американски кошаркарки во Москва

Една од најдобрите кошаркарки во светот, Американката, Бритни Гринер уапсена е на аеродромот во Москва, откако цариниците откриле дека во земјата сакала да внесе масло од канабис.

Таа во моментот се наоѓа во притвор, а и се заканува и неколкугодишна казна затвор. Бритни, која своевремено имаше проблеми со законот поради тепачка со својата поранешна жена, повторно си направи проблеми, но овој пат во Русија.

На неа и се заканува казна затвор од пет до десет години. Гринер е поранешен прв пик на ВНБА драфтот, а седум пати има учествувано на „Ол-стар“ викендот.

Се вчитува...