Убава асистенција на Бабунски за победа на Јокохама во Купот на Јапонија

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски го одигра целиот натпревар за Јокохама во гостинската победа над Шаган тосу од 1-2 во Купот на Јапонија.

Бабунски во триумфот на својот тим партиципираше и со убава асистенција за погодокот на Уго Виеира во 64. минута за водство во тие моменти на 0-1.

До крајот домашните израмнија во 76. минута преку Томијама, за да Уго Виеира со својот втор гол во 92. минута донесе триумф на Јокохама маринос.

Се вчитува...